Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска дадоа поддршка Марина Димовска да биде избрана за генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија.

Димовска е дипломиран политиколог и магистер на економски науки од областа на меѓународна економија. Таа работи во Собранието од 2009 година.

За заменик генерален секретар на Собранието е предложен Никола Ѓошевски, кој е дипломиран правник и магистер по корпоративното право.

Предлозите Димовска и Ѓошевски треба да бидат изгласани на наредна седница на Собранието.

Во рамки на оваа седница на Комисијата беа утврдени и Предлог-одлуките за членови на делегациите на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа, во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, во Интерпарламентарната унија, во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива,во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација....

На дневен ред на оваа седница се и барањата за остварување на плата по престанок на функцијата министер во Влада на Република Северна Македонија



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2024 16:23