Секоја личност е уникатна - и секој на свој, посебен, својствен нему начин се однесува во љубовта и врските, но и во секојдневието воопшто. Но, луѓето понекогаш се склони да гледаат одредени однесувања или модели, коишто се (најчесто) вообичаени, а не може да си ги објаснат. Стручњаците, повикувајќи се на психологијата, издвојуваат три такви појави.

Некои луѓе постојано ги менуваат партнерите затоа што не се менуваат себеси

Таканаречениот „синдром на мајмун“, ги опишува оние оние кои одбиваат да се променат себеси, а за сметка на тоа, мора да се соочат со многу проблематичен емотивен живот... Како што мајмуните никогаш не ја пуштаат гранката за којашто се држат без претходно да грабнат друга гранка или друг мајмун со другата рака, така и овие луѓе никогаш не го напуштаат партнерот без претходно „да го обезбедат“ следниот. Според научниците, овој синдром е директно поврзан со ниската самодоверба и потребата од самопотврда, пренесува „Женски магазин“.

Кога некој те сака, те имитира

„Кога луѓето се привлекуваат еден со друг, тие се склони да седат или стојат на ист начин и да ги копираат движењата на телото на другата личност, на пр., ја допира својата коса итн. Така, тоа веројатно е еден од најочигледните начини да откриете дали некој е заинтересиран за Вас“, објаснуваат психолозите.

Енергија којашто се чувствува

Ако сте во соба полна позитивни луѓе и влегува некој со негативна енергија, тоа веднаш се чувствува и знае. Луѓето ја имаат таа способност, па според тоа ѝ пристапуваат соодветно на дадената состојба или на личноста. Честопати, особено во работата, не е возможно да се избегне контакт со негативна личност, но како што пишува порталот „Винмек“, „лошата енергија“ може да се ублажи со пристоен и учтив однос, насмевка, благ хумор, чинија со чоколатциња или бонбончиња при рака, како и украсување на работниот простор по свој вкус - пред сѐ, заради личната благосостојба.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2024 05:51