Синот на американскиот глумец Николас Кејџ, Вестон е уапсен вчера за напад со смртоносно оружје, потврди полицијата. Според медиумите, тој е пуштен со кауција од 150.000 долари, а се наведува дека најверојатно Кејџ ја платил кауцијата.

Вестон наводно ја нападнал својата мајка во состојба на „ментално растројство“. Извор близок до семејството вели дека „се очекувало да се случи вакво нешто“, но и оти сите се во шок.

Вестон Кејџ Копола (33), кој исто така е глумец, бил приведен три месеци откако неговата мајка, актерката Кристина Фултон беше видена со модринки на лицето. На крајот на април тие имале вербална расправија, што завршила со физичка пресметка. Тогаш интервенирала и брза помош, но глумицата одбила да оди в болница. Полицијата тогаш соопшти дека Вестон го напуштил местото на нападот до доаѓањето на патролата.

Вестон во минатото е лекуван поради проблеми со психичкото здравје.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2024 06:16