Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше средба со Крис Павловски, основач и извршен директор на интернационалната компанија „Rumble“, Хауард Лутник основач и извршен директор на една од водечките финансиски корпорации во САД, „Cantor Fitzgerald“ и со Девин Нунес, поранешен конгресмен на Калифорнија и сегашен извршен директор на „Трамп“ корпорација за медиуми и технологија.

На средбата, како што информира владината прес-служба, се разговараше за можностите за соработка во дигиталниот сектор и дигиталните реформи кои треба да ги спроведе нашата држава со цел да се подобрат услугите кон граѓаните и поедноставување на нивниот живот, фокусирајќи се на дигиталната слобода и трансформација на македонското општество.

Стана збор и за повеќе можности за економска соработка во различни области во државата



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2024 05:55