Џена Рицо, фитнес-тренер од САД, ги наведува четирите навики кои ја одржувале во добра форма со години. Тоа се: пешачењето пет пати неделно, внес на најмалку 120 грама протеини дневно, пиење вода и жртвувањето на забавите заради здравјето.

Насоките за физички вежби велат дека возрасните треба да се стремат кон 150 минути физичка активност со умерен интензитет и два дена зајакнување на мускулите неделно. Оние 10.000 чекори на ден одамна се „златна мерка“, но истражувањата покажаа дека сепак и многу помалку може да ги даде придобивките од одењето. Рицо е популарна и на „Фејсбук“, „Тикток“ итн., па неодамна даде свое видување на прашањето: „Како нешто толку едноставно може да биде толку корисно?“ Некои познавачи предлагаат и одење со брзо темпо, надополнето со повремен тренинг за сила.

- Сепак, вистина е - во смисла, да ви помогне да изгубите тежина, да ја одржите тежината, кардиоваскуларното здравје, вашето ментално здравје - сѐ тоа... Особено е многу потценето одењето, нагласи таа

- Јас пијам вода како тоа да ми е работа. Не ми се верува колку луѓе шетаат наоколу хронично дехидрирани - тоа е лудост. А, според мене, водата ве одржува и млади, појасни Рицо.

Натаму, таа вели дека јаде 120 грама протеини дневно, но - препорачува 0,8 грама по килограм телесна тежина. Сепак, за тоа, истакна оти најдобро е да се консултирате со лекар за правилниот индивидуален протеински план. Имено, неодамнешни истражувања покажаа дека консумирањето премногу протеини може да ја зголеми опасноста од срцев и мозочен удар.

За крај, Рицо рече дека понекогаш треба да се жртвува и забавата во потрагата по подобро здравје на подолг рок.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2024 06:36