Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави дека САД организираат разговори за завршување на конфликтот во Судан помеѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ).

РСФ потврди дека ќе учествува во преговорите за прекин на огнот во Судан.

Разговорите се организираат со посредство на САД и ќе се одржат на 14 август во Швајцарија. Целта на разговорите е да се постигне „сеопфатен прекин на огнот“ во Судан.

Војната во Судан, која избувна во април минатата година, принуди речиси 10 милиони луѓе да ги напуштат своите домови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2024 16:30