Сообраќајот на аеродромот во Франкфурт е делумно обновен два часа откако сите полетувања и слетувања беа прекинати поради упад на еколошки активисти, изјави портпарол.

Првата лента за слетување на најголемиот германски аеродром е повторно отворена во 7:02 часот, изјави портпаролот на аеродромот, додавајќи дека набрзо потоа била отворена и една писта за полетување.

Авиосообраќајот утрово беше во прекин на аеродромот во Франкфурт по упадот на еколошките активисти, кои се „залепија“ на асфалтот, што доведе до интервенција на полицијата, соопштија претходно полицијата и аеродромската управа.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2024 17:07