Владата на Австралија денеска го блокира повторниот обид за експлоатација на ураниум во националниот парк Јабилука.

Со тоа е завршен повеќедеценискиот спор за еден од најголемите наоѓалишта на висококвалитетен ураниум во светот.

Компанијата „Енерџи ресусрсис Острелија“ (Energy Resources Australia), мнозински сопственик на „Рио Тинто“ поднесе барање за обнова на лиценцата за рударење во националниот парк, што предизвика незадоволство кај локалната домородна заедница Мирара.

Првобитниот план беше стопиран во 90-тите години од минатиот век поради голем протест.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2024 11:49