Раководството на Баерн Минхен одлучи дека нема да го привлече централниот дефанзивец на Баер Леверкузен, Јонатан Та, тврди „Кикер“.

Спортскиот директор на Баварците, Макс Еберле ги договорил личните услови со играчот и се верувало дека тој ќе биде сигурно ново засилување во тимот на Винсент Компани. Вчера стана јасно дека „аспирините“ му поставиле ултиматум на Баерн да донесе конечна одлука дали ќе го реализира трансферот до денеска на полноќ.

Според „Кикер“, управата на Баерн донела одлука без разлика на ултиматумот. Изданието, исто така, тврди дека тоа нема да има никакво влијание врз иднината на Матијас Де Лихт, кој сепак би можел да биде продаден на Манчестер Јунајтед.

Самиот Та се надева дека штом ќе се случи тоа, раководството на Баерн може да се предомисли и да се врати по него



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2024 20:42