Украина контролира 800 квадратни километри од Курската област во Русија, соопшти Американскиот институт за проучување на војната (ISW).
Украина тврди дека контролира повеќе од 1.000 километри руска територија, а нејзините сили сè уште се во офанзива што почна на 6 август.
Поради украинската офанзива Москва нареди евакуација на жителите на западната руска област.
Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина дека „врши злосторства“ и вети дека ќе ги протера нејзините сили од руска територија.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека секој напад е оправдан за да ја принуди Русија да ја прекине својата агресија врз неговата земја