Шпанскиот прволигаш Џирона денес го промовира својот нов фудбалер - македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Миовски кој одигра одлична сезона во шкотски Абердин, доаѓа во Џирона како големо засилување во напаѓачката линија.
Македонецот со свој нов клуб ќе дебитира во Лигата на шампионите.
Џирона објави дека 25-годишниот Миовски се обврза на соработка до јуни 2028 година.
Новиот напаѓач на Џирона ја започна својата професионална кариера на 18-годишна возраст, дебитирајќи во Брегалница, Во Македонија играше и за Работнички, Македонија ЃП и Ренова. Потоа потпиша за МТК во Унгарија во 2020 година. Во летото 2022 година направи трансфер за Абердин во Шкотска, каде остана две сезони. Минатата сезона тој постигна 26 гола на 53 натпревари, вклучувајќи ги и оние во шкотската Премиер лига, Лига Европа и Конференциската лига.
За македонската репрезентација Миовски дебитираше во октомври 2021 година