Две нови засилувања промовираше денеска македонскиот фудбалски прволигаш Брера Струмица за новата сезоната во ПМФЛ.
Нов фудбалер на струмичкиот прволигаш е 25-годишниот колумбиски интернационалец Јорк Бецера, кој е дефанзивен играч за врска, а минатата година настапуваше за колумбискиот Реал Картагена.
Брера Струмица ги засили своите редови и со 20-годишниот Самуел Наков Фуентес кој има македонско и шпанско државјанство, а доаѓа од редовите на бугарскиот второлигаш Дунав Русе.