Леон Горецка повеќе не тренира со тимот и прашање е кога ќе го напушти Баерн, пренесуваат медиумите во Германија, со најава за разделба на искусниот фудбалер и клубот од Минхен во блиска иднина.

Наводно, дваесет и девет годишниот централен играч за врска не е по вкусот на Винсент Компани, а како наследникот на Томас Тухел донесен минатиот месец го има последниот збор во ваквите приказни, се чини деновите на Горецка на „Алијанц Арена“ се изброени.

Ова е епилогот по шест години поминати во соблекувалната и на платниот список на Баварците, колку помина од неговото доаѓање од Шалке. Претходно го учеше занаетот во матичниот Бохум.

Со оглед на тоа дека има уште две години од договорот со Баерн, потенцијален купувач треба да стави рака во џеб за обештетување од околу 30.000.000 евра. Горецка во својот „багаж“ ќе донесе спомени за бројни трофеи.

Во дресот на минхенскиот колос Германецот неколку пати беше државен првак, освојувач на националниот куп, а се радуваше и на победа во финалето на Лигата на шампионите. Одигра 221 натпревар, постигна 40 гола и асистираше за уште 46



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2024 04:12