Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике се осврна на повредата на Гонсало Рамос добиена синоќа на натпреварот против Ле Авр (4:1) во првото коло од француската Лига 1.
-Јас не сум лекар, но повредата изгледа сериозна. Тој се здоби со повреда на скочниот зглоб. Се надеваме дека ќе се врати на теренот што е можно поскоро, изјави Енрике за „RMC Sport“.
Дваесет и тригодишниот Португалец се појави во стартниот состав на ПСЖ, но поради повреда го напушти теренот во 20. минута.