Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Педри се закрепна од повредата, објави прес-службата на каталонскиот клуб.
Дваесет и едногодишниот играч за врска ќе биде на располагање за натпреварот против Валенсија во првото коло од шпанската Ла Лига.
Средбата ќе се одигра вечер со почеток од 21:30 часот на „Местаља“ во Валенсија.
Педри заработи повреда на коленото на натпреварот на Шпанија против Германија (2:1) на Евро 2024 и го пропушти остатокот од првенството