Џејмс Милнер постави нов рекорд во Премиер лигата по одиграни сезони.

Триесет и осумгодишниот фудбалер за врска на Брајтон попладнево се најде во почетниот состав на натпреварот против Евертон.

Така Џејмс Милнер ја започна својата 23-та сезона во Премиер лигата, што е нов рекорд. Милнер го надмина резултатот на Рајан Гигс, кој мина 22 сезони во Премиер лигата.

Интересно, Милнер е седум години постар од главниот тренер на Брајтон, 31-годишниот Фабијан Хурцелер.

Англичанецот дебитираше во лигата во сезоната 2002/03 со Лидс. Милнер играше и за Њукасл, Свиндон (на позајмица), Астон вила, Манчестер сити и Ливерпул.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2024 03:56