Ѕвездата на Ал Наср, Кристијано Роналдо не учествуваше во доделувањето на наградите на тимот кој вчеравечер загуби од Ал-Хилал во натпреварот од Суперкупот на Саудиска Арабија (1:4).
Медиумите пренесуваат дека веднаш по натпреварот 39-годишниот Португалец отишол во соблекувалната. Останатите играчи на Ал-Наср останаа на теренот. Тие беа наградени со сребрени медали.
Роналдо ги критикуваше и соиграчите откако тимот го прими четвртиот гол против Ал-Наср. Со гестикулации покажа дека спијат и играат со страв.
Ал Хилал го освојува Суперкупот на Саудиска Арабија по втор пат по ред. Роналдо од осум натпреварувања со Ал-Наср го освои само Купот на арапските шампиони.