Витор Роке би можел да се пресели во Спортинг Лисабон за 20 милиони евра, објави деенска „Релево“. Португалскиот клуб е блиску до договор со Барселона, а спортскиот директор на Каталонците Деко е вклучен во преговорите и дал согласност за зделката.
Страните се уште разговараат за формулата на договорот и конечните износи, а договор би можел да биде постигнат во следните неколку часа.
Англиските Евертон и Борнмаут, исто така, испратија барање за фудбалерот во последните недели, но Роке моментално е заинтересиран за преселба во клубот од Лисабон.
Трансферот на бразилскиот интернационалец од Атлетико Параненсе во Барселона во 2023 година беше вреден 30 милиони евра и 30 милиони во вид на бонуси. Тинејџерот одигра 16 натпревари за шпанскиот клуб и постигна 2 гола