Претставниците на Европска Унија денеска објавија дека планираат да воведат царина од девет проценти за електричните возила на компанијата „Тесла“, произведени во Кина.

За „Тесла“ ова е релативно добра вест бидејќи ќе плаќа пониска царина во споредба со другите производители на автомобили во Кина, објави „Блумберг“.

Според претставници на ЕУ, Пекинг дава помалку субвенции за компании во странска сопственост, како „Тесла“, па тоа се одразува и на пониските царини за американскиот производител на електрични возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2024 00:47