Новинарот Фабрицио Романо објави дека Барселона се согласила да го ослободи Илкај Гундоган (33), кој пред само една година без отштета пристигна бесплатно од Манчестер Сити. Сега би требало да се врати таму, а неговиот агент веќе е во Манчестер каде ги договара деталите од договорот.

Гундоган неодамна ја предводеше Германија како капитен на Европското првенство, а пред само една година беше еден од клучните играчи на Сити за освојување на тројната круна, а многумина се шокирани што Каталонците го пуштија толку лесно. Меѓу нив е и неговиот сонародник, неодамна пензионираната легенда на Реал, Тони Крос. Тој под објавата на Романо прокоментира „ВАУ“ со емотикон од мајмун кој му ги покрива очите. Неговиот коментар веднаш собра илјадници лајкови.

Да потсетиме, минатото лето Гундоган по седум години си замина од Сити како слободен играч. Тој пристигна во клубот во истото лето со Пеп Гвардиола и стана капитен и продолжена рака на каталонскиот тренер на теренот.

Гундоган освои се што можеше со Сити, вклучувајќи пет титули во Премиер лигата и една Лига на шампиони. Претходно играше за Борусија Дортмунд со која ја освои Бундеслигата играјќи под водство на Јирген Клоп.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2024 03:59