Голманот на Барселона и Германија, Марк-Андре тер Штеген ја коментираше одлуката на неговиот колега од Баерн, Мануел Нојер да се повлече од националниот тим.
- Честитки за успешната кариера во германската репрезентација. Ти си засекогаш светски шампион и легенда на германскиот фудбал! – напиша Тер Штеген на социјалните мрежи.
Нојер го држи рекордот на германската репрезентација за најмногу настапи меѓу голманите (124).
Триесет и осумгодишниот голман е сопственик и на рекордот по бројот на „чисти мрежи“ во дресот на Баерн (51)