Поранешниот дефанзивец на Германија, Матс Хумелс е во преговори со Мајорка, објави новинарот Флоријан Платенберг на својот профил на Икс.

Триесет и петгодишниот Германец е слободен играч по заминувањето од Борусија Дортмунд. На крајот на јули беше блиску до преселба во Болоња, но по лекарскиот преглед му требаше време да размисли.

Беше објавено дека летово за Хумелс беа заинтересирани и Баер Леверкузен и Реал Мадрид.

Во сезоната 2023/24, фудбалерот одигра 40 натпревари за Борусија во сите натпреварувања, постигна четири гола и креира една асистенција



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2024 17:35