Наполи ја подобри понудата до Челси за Ромелу Лукаку, објави Џанлука Ди Марцио.
Откако „сините“ одбија да го пуштат напаѓачот на позајмица за 5 милиони евра и дополнителни 25 милиони евра доколку остане на „Диего Армандо Марадона“ и по оваа сезона, последната понуда на Наполи е за постојан трансфер.
Овој пат нудат 30 милиони евра плус бонуси и процент од следната продажба на 31-годишниот фудбалер.
Во наполитанскиот клуб се убедени дека конечно ќе добијат позитивен одговор од Челси. Сепак, треба да се напомене дека термините за исплата на сумата за трансфер ќе бидат прилично долги.
Што се однесува до Виктор Осимен, „партенопеите“ не се сигурни дека ќе можат да го продадат до крајот на преодниот рок