Тренерот на Арсенал, Микел Артета го сподели своето мислење за евентуалниот потпис на нов напаѓач.
- Нова деветка? Тоа не е прашање што си го поставуваме бидејќи имаме одлични напаѓачи. Имаме целосна доверба во нашите играчи, сакаме да се подобриме, но ќе се обидеме да го направиме тоа со играчите кои се веќе со нас, изјави Артета за британските медиуми.
Претходно беше објавено дека Арсенал е заинтересиран за Виктор Осимен од Наполи и Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон.