Германскиот фудбалер на Лос Анџелес галакси Марко Ројс погоди во 85. минута од американската МЛС натпреварот против Атланта одигран рано утрово во Карсон.
По нафрлањето во шеснаесетникот од страна на Габриел Пек, Ројс шутираше кон голот, но голманот на Атланта Бред Гузан го одби ударот. Топката падна кај Ројс, кој во вториот обид постигна гол.
Ројс влезе на теренот во 66. минута, дебитирајќи за Лос Анџелес.
Галакси се лидери на табелата во МЛС со 52 бода од 27 натпревари