Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го коментираше отсуството на напаѓачот Лаутаро Мартинез на синоќешниот натпревар против Лече (2:0) во 2. коло од Серија А.
- Лаутаро се разбуди со болки во петокот наутро и заедно со медицинскиот персонал решивме да не ризикуваме со него. Сакаше да биде на теренот, но е почеток на сезоната и ќе се обидеме да го подготвиме целосно за следниот натпревар. Интер не треба да се врзува за Лаутаро, Барела, Чалханоглу или кој било друг. Победивме минатата сезона затоа што сите придонесоа. Ми се допадна како Тареми кој се бореше 95 минути, тој секогаш се трудеше да му помогне на тимот. Со одличен став на теренот влезе и Марко Арнаутовиќ, а тоа сака да го види тренерот, изјави Инзаги за „ Football Italia“.
Интер освои 4 бода и се наоѓа на првото место во поредокот на италијанскиот шампионат. На 30 август екипата ќе игра против Аталанта.