Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар сакаше да се врати во Барселона ова лето.
Како што пренесува „Diario Sport“, овој месец Нејмар и ги понудил своите услуги на каталонскиот фудбалски великан.
Сепак, главниот тренер на Барселона, Ханс-Дитер Флик го одбил Бразилецот, и покрај потребата да ја засили левата офанзивна страна.
Се истакнува дека по неуспешниот договор за Нико Вилијамс, главен избор на Барселона за оваа позиција е Федерико Киеза, но клубот разгледува и други опции, особено Рафаел Леао од Милан.