Италијанскиот гигант Наполи постигна договор со Скот Мектомини од Манчестер Јунајтед.
Репрезентативецот на Шкотска пристигнува за 30 милиони фунти, не вклучувајќи ги дополнителните финансиски бонуси. Се очекува 27-годишниот официјално да биде претставен во следните неколку часа, пренесе Би-Би-Си.
Фудбалерот на „црвените ѓаволи“ дебитираше за клубот во 2017 година. Постигна 29 гола и забележа 255 настапи во сите натпреварувања. МекТомини еднаш го освои Лига Купот и ФА Купот.
Шкотот беше дел од репрезентацијата која испадна во групната фаза на Евро 2024 година.