Поранешниот капитен на Чиле, Клаудио Браво, објави дека се пензионира на 41-годишна возраст. Тој им се заблагодари и на соиграчите, тренерите, навивачите и семејството за поддршката.

- Го напуштам професионалниот фудбал, ова е мудра одлука, добро осмислена, дискутирана на семејно ниво. Време е да завршам важен циклус во мојот живот. Да започнам уште една семејна фаза која ќе биде успешна како оваа фаза која ми даде толку големо задоволство, напиша Браво на социјалните мрежи.

Голманот бранеше за Коло-Коло, Реал Сосиедад, Барселона, Манчестер сити, Бетис и чилеанската репрезентација.

Браво има 22 титули во кариерата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2024 20:13