Играчот од средниот ред, Микел Мерино и официјално е играч на Арсенал. Шпанскиот централен играч за врска доаѓа од Реал Сосиедад, а неговиот трансфер е вреден 32 милиони фунти.

Тој потенцијално би можел да донесе дополнителни 4,2 милиони фунти на својот поранешен клуб со бонуси во зависност од неговите перформанси.

Договорот на Мерино со „топџиите“ е на четири години со опција за уште една. Така, тој станува четврто летно засилување на Микел Артета, а досега на „Емирати“ пристигнаа Томи Сетфорд, Рикардо Калафиори и Дејвид Раја.

-Микел со своето искуство и различност ќе ни донесе многу квалитет и разновидност. Неколку сезони по ред игра на врвно ниво за својот клуб и репрезентацијата, изјави тренерот на тимот од Лондон, Микел Артета по објавувањето на зделката.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2024 23:11