Премиерлигашот Ливерпул денес објави дека потпишал договор со напаѓачот на Јувентус и Италија, Федерико Киеза.

Дваесет и шестгодишниот фудбалер успешно го помина лекарскиот преглед и потпиша долгорочен договор со „Мерсисајдерите“.

Според порталот Трансфермаркт, Ливерпул за напаѓачот платил 12 милиони евра.

Киеза игра за Јувентус од летото 2022 година. Фудбалерот одигра 131 натпревар за италијанскиот тим, постигна 32 гола и направи 23 асистенции



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2024 03:25