Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во вториот квартал на 2024 година, изнесуваат 235.202 милиона денари што претставува квартален раст од 9.988 милиони денари, соопшти Народната банка.
Останатите финансиски институции имаат учество од 21,3 проценти во средствата на финансиските институции. Во рамки на структурата на ОФИ, најголемо учество од 65,3 проценти во вкупните средства имаат пензиските фондови, по што следуваат осигурителните друштва со учество од 15,8 проценти.
Најголем дел од средствата на ОФИ се вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност со учество од 51,4 проценти и 26,2 проценти, соодветно, а на страната на обврските главно се обврски врз основа на технички резерви на осигурување и капиталните сметки, со учество од 54,1 процет и 3 проценти, соодветно, покажуваат податоците на НБ.