Во второто тримесечје од годинава, во споредба со првото тримесечје, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0.1 процент, трошоците за материјали за 0.7 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 1.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2024 година, во споредба со второто тримесечје од 2023 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 6,8 проценти, трошоците за материјали за 11,8 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 5,8 процент.

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2024 03:20