Управата за јавни приходи (УЈП) денеска информира дека системите е-ПДД , е-Даночни услуги и МојДДВ се во функција.

- Активностите околу надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги што УЈП ги започна вчера по 16:30 часот, успешно се завршени и даночните обврзници може да продолжат со користење на услугите преку овие системи кои ги нуди Управата за јавни приходи. Благодарност до сите граѓани и даночни обврзници за разбирањето, се наведува во соопштението од УЈП



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2024 03:29