Џејдон Санчо потпиша за Челси каде ќе ја помине најмалку следната година. Тој истакнува дека е презадоволен од ваквиот развој на ситуацијата.

Момчето кое израсна во Манчестер Сити, од редовите на градскиот ривал замина на позајмица во Челси. Лондонскиот клуб вети дека ќе го купи поранешниот англиски репрезентативец, освен ако не заврши под 14-тото место во Премиер лигата.

- Сакав да дојдам во Челзи бидејќи тоа е уникатен клуб. Мои идоли се Дидие Дрогба и Френк Лампард и сега имам можност да играм во клубот каде што играа. Чувството е феноменално - изјави Санчо.

Санчо од Сити, каде што не доби шанса во првиот тим, замина во Борусија Дортмунд каде го привлече вниманието на себе. Пред две години дојде во Манчестер Јунајтед, но не покажа ниту мал дел од својот потенцијал. Дел од минатата сезона ја мина на позајмица во Дортмунд



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2024 20:31