Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, разбирливо беше крајно фрустриран по крајот на натпреварот против Ливерпул во 3. коло од Премиер лигата, кој „црвените ѓаволи“ го загубија со 3:0.

Холандскиот стручњак е на мислење дека проблемот за лошите резултати на тимот не лежи во него.

-Јас не сум Хари Потер. Дали навистина мислите дека проблемот е во тренерот? Не мислам дека е така, инаку немаше да освојуваме трофеи, како што правиме и да победуваме големи ривали, рече Тен Хаг.

За новото засилување Мануел Угарте посочи дека се уште не играл оваа сезона и тој треба да ја подобри својата физичка кондиција.

-Ќе бидат потребни недели, можеби месеци, изненади со одговорот тренерот на „црвените ѓаволи“



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2024 05:03