Во текот на летото многу се зборуваше за можното заминување на Кевин де Бруин од Манчестер Сити, но ништо од тоа не се оствари и Белгиецот останува на „Етихад“.

Еден од клучните играчи во долгорочниот проект на тренерот Пеп Гвардиола за островските медиуми откри дека не ни размислувал да го напушти клубот и дека сето тоа биле само медиумски шпекулации.

-Ви кажав дека не очекувам никакви активности во текот на летото и така беше. Се помина без проблеми. Бев на одмор, ги наполнив батериите и сега сум фокусиран на се што ме очекува во наредниот период. а моите амбиции се како и секогаш најголеми можни“, изјави Белгиецот.

Додаде дека не размислувал да го напушти клубот, ниту пак разговараи со некого за тоа.

-Непотребно беше создадена слика за тоа како сакам да заминам, а тоа не беше точно. Среќен сум во Сити и навистина нема причина за промена на околината, дециден беше Белгиецот.

Де Бруин оваа сезона беше стартер на сите три средби на актуелниот шампион на Англија на кои „граѓаните“ остварија три сигурни победи и покажаа дека во преостанатиот дел од сезоната ќе биде важен запчаник во машинеријата на Пеп Гвардиола.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2024 18:00