Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберле, објави дека крилниот напаѓач Кингсли Коман ќе остане во тимот.

Францускиот интернационалец беше баран од англиските клубови како и од Ал-Хилал. Прозорецот во Саудиска Арабија се уште е отворен, но самиот фудбалер ја одбил понудата на арапскиот клуб.

Баварците беа отворени да го продадат Коман, ја прифатија понудата на Ал-Хилал, но оставија Французинот да одлучи дали сака да замине без да го притискаат.

-Коман останува кај нас, потврди Еберле.

Понудата на Ал-Хилал беше вредна околу 35 милиони евра



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2024 20:35