Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси го коментираше својот избор на играчи за претстојните натпревари против Шпанија и Данска во Лигата на нациите.
Селекцијата на Србија на 5 септември во Белград ќе и гостува на Шпанија, а три дена подоцна во Копенхаген гостува кај Данска.
Стојковиќ објасни зошто не ги повикал Филип Костиќ и Немања Радониќ.
-Како да го повикам Костиќ кога нема тим или Радониќ кој тренира индивидуално, изјави селекторот на српската репрезентација.
Стојковиќ зборуваше и за некои други играчи, меѓу кои Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кои нема да играат за Србија.
-Како играат за својот клуб, а не за репрезентацијата? Прашајте ги. Никој од нив не ми кажа дека не сака да игра, а таква изјава не сум видел од нив, коментираше Стојковиќ