Турскиот гигант Галатасарај се договори со Наполи да го земе напаѓачот Виктор Осимен во своите редови до крајот на сезоната, објави попладнево новинарот Фабрицио Романо.

Сепак, во договорот нема клаузула дека Галатасарај може да го купи нигерискиот репрезентативец следното лето кога ќе му истече договорот за позајмица.

Галатасарај се согласи да му ја исплати платата на Виктор Осимен, која изнесува 10 милиони евра годишно.

За услугите на нигерискиот фудбалер беше заинтересиран и лондонски Челзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2024 04:18