Фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих е именуван за нов капитен на германската фудбалска репрезентација на местото на Илкај Гундоган, кој се повлече од националниот тим.
Одлуката ја соопшти селекторот Јулијан Нагелсман. Кимих е играчот со најмногу настапи во тимот откако Гундоган, Мануел Нојер, Томас Мулер и Тони Крос повеќе не се дел од него.
Кимих (29) собра 91 настапи за германската репрезентација од репрезентативното деби во 2016 година.
Јулијан Нагелсман додаде дека дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер и напаѓачот на Арсенал, Каи Хаверц ќе бидат замените на Кимих.
„Најдовме добра комбинација со тројцата. Тие ќе бидат одговорни за тоа како ќе се претставиме“, изјави германскиот селектор.
Германија ја почнува новата сезона во Лигата на нации против Унгарија, в сабота и три денови подоцна против Холандија.