Централниот дефанзивец Марио Ермосо е играч на Рома, официјално објавија „волците“. Тој пристигнува како слободен играч по разделбата со Атлетико Мадрид.

Договорот на 29-годишниот шпански дефанзивец е на три години со опција за продолжување на уште две.

Тој ќе го носи бројот 22 на стадионот Олимпико.

Шпанските медиуми тврдат дека Ермосо преговарал и со Интер и Наполи, но клучен за неговиот трансфер во Рома бил личниот разговор со тренерот Даниеле Де Роси



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2024 18:52