„Мачно и очајничко беше чувството да се гледа сервилноста на СДС кон поголемиот во суштина партнер во владејачката коалиција ДУИ секогаш кога тие ќе направеа одреден фаул и нивното бранење безочно јавноста добро го знае и се сеќава. Ова е интерпелација која што нема никаква допирна точка со реалноста и прекршувањето на собраниските процедури. Очајнички коалициски производ на новата коалиција која што ја сочинуваат СДС, Левица и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи оваа иницијатива најмалку од три причини, првата е бидејќи нема прекршување во рамките на надлежностите претседателот на Собранието водејќи ја институцијата Собрание на Република Македонија, второ кога ќе ги видите оние 7 причини сите сторители на дела кои што одат во насока на непочитување на законите во МВР како прв пат досега се пронајдени и санкционирани и има за нив постапка. Трето заради тоа што е несериозна и глупава за зошто затоа што во точка 7 и под точките в, г, д и видете таму има за пост полноќни сеанси напишано замислете и основ за интерпелација за паркинг“ кажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница и додаде:

„Нема повеќе во оваа држава да се толерира и игра фудбал и баскет по ходници и кабинети, нема повеќе пеење и играње во кабинети и ходници и славењето во Собранието што некој станал премиер. Нема да има телохранители на заменици министри на МВР каде што делат шамари и тепаат колеги не е тука Спасовски и Филипче па и нив да ги потсетам на ова одвратно дејствие. Нема повеќе пајак да тепа полицајци на сред бел ден. Тоа веќе нема да го има. Нема повеќе како до сега“ истакна Стојаноски.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2024 20:54