Италијански Милан се откажа од францускиот играч за врска Адриен Рабио, кој моментално е слободен играч, бидејќи алжирскиот репрезентативец Исмаел Бенасер остана во тимот по затворањето на преодниот рок во Саудиска Арабија.
Клубот од Милано ја проучуваше можноста за привлекување на Рабио во текот на летото, а Бенасер беше поврзуван со трансфер во Олимпик Марсеј и саудиски клубови, но во Саудиска Арабија периодот за потпишување играчи од странските првенства заврши на 2 септември.
На крајот Исмаел Бенасер остана во Милано, а Италијанците се откажале од Рабио, иако претходно испратиле солидна понуда, пренесува „Газета дело Спорт“.
Бенасер е еден од најдобро платените фудбалери на Милан со плата од 4 милиони евра по сезона, а сега се уште се обидува да се бори за титулата во тимот предводен од Пауло Фонсека. Стручњакот допрва треба да одлучи дали ќе го вклучи во составот за Лигата на шампионите, а денешните информации говорат дека тоа најверојатно ќе се случи на сметка на Лука Јовиќ