Фудбалерот на шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија, Рафа Мир е уапсен под обвинение за сексуален напад, соопшти денеска клубот.
Шпанската полиција потврди дека е уапсен фудбалер од Ла Лига, иако не го соопшти неговото име.
Валенсија додаде дека целосно ќе соработува со правосудните органи во текот на истрагата.
Мир летово пристигна на позајмица во Валенсија од Севиља.