Белгискиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Сити, Кевин де Бруин го критикуваше календарот на ФИФА и УЕФА.

Искусниот 33-годишен играч од средниот ред се пожали на голем број натпревари во текот на сезоната, како во клупскиот така и во репрезентативниот фудбал.

-Сезоните се подолги. Можеби оваа сезона ќе помине добро, но календарот ќе стане уште потежок за следното Светско првенство во 2026 година. Некои синдикати на играчи се обидоа да најдат решенија, но ништо не се менува. На УЕФА и ФИФА не им е гајле. Тие се грижат само за парите!, изјави Кевин де Бруин.

Го очекуваат многу натпревари во дресот на Сити.

-Мислам дека ќе има проблеми кога ќе го завршиме Светското клупско првенство. Знаеме дека ќе има само три недели од финалето на Светското клупско првенство до првиот ден од Премиер лигата, истакнува Де Бруин.

На 13 јуни, Меѓународната федерација на професионални фудбалски асоцијации (ФИФПро) поднесе тужба против ФИФА поради реорганизација на календарот, натпреварите на националните тимови и Светското клупско првенство во 2025 година.

На СП за клубови во 2023 година учествуваа седум екипи, а во 2025 година ќе учествуваат дури 32! Натпреварувањето ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули.

Исто така, познато е дека Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2024 04:39