Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против лицето кое беше осомничен за силување малолетничка.
- Поднесена е кривична пријава против Е.Ф.(20) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Осомничениот Е.Ф. на трети месецов во 18.30 часот, беше лишен од слобода од страна на полициски инспектори од криминалистичката полиција во Дебар.
Девојчето било на 14-годишна возраст.
Ова е прв ваков случај во Дебарско по повеќе години.