Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш денеска во 06:40 часот го лишиле од слобода Е.З.(19) од село Бучим, радовишко, во чиј дом при претрес, извршен со судска наредба, биле пронајдена околу 800 грама марихуана.
Од МВР информираат дека лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Е.З. ќе биде поднесена соодветна пријава