Фудбалерките на Љуботен со победа го завршија настапот во женската Лига на шампиони, откако попладнево во натпреварот за третото место во квалификациската група 5 го совладаа велшки Кардиф со 2-0 (1-0).

Победата на македонскиот шампион ја донесе двојниот стрелец Хава Мустафа, која беше прецизна во 38 минута и во 90+2.

Со овој триумф фудбалерките на Љуботен го освоија третото место во квалификациската група која се игра во холандскиот град Еншеде.

Во првиот натпревар, македонскиот шампион загуби убедливо од исландски Валур со 10-0.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2024 18:47