Министерство за надворешни работи на Србија упати честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста.
- На граѓаните на Република СевернаМакедонија и на нашите драги колеги во МНР им го честитаме Денот на независноста, со желби нашите билатерални односи да продолжат да се градат во духот на искрено пријателство и добрососедство, објави српското МНР на платформата Х.